Иран и Нов Зеланд направија спектакл во Калифорнија (ВИДЕО)

Фудбалерите на Иран и Нов Зеланд одиграа еден од највозбудливите натпревари на Светското првенство (СП), а мечот заврши без победник (2-2).

Нов Зеланд одлично го отвори натпреварот и постигна гол во седмата минута преку Ели Џаст, а Иран по шокот веднаш се обиде да одговори и најблиску до израмнување беше Мехди Тареми во 23. минута.

Иран продолжи со притисокот, па во 32. минута преку Рамин Резаејан постигна гол за 1-1, а до крајот на првото полувреме не се промени резултатот.

По одморот на полувремето продолжија возбудливата игра, а Џаст со својот втор гол донесе нова предност за Нов Зеланд. Сепак, Мохамад Мохеби во 64. минута успеа да израмни на 2-2.

Претходно беше одигран уште еден натпревар меѓу Саудиска Арабија и Уругвај кој заврши 1-1.

Фото: Facebook/All Whites