Шок пред Белата куќа – Гејчи брутално го претепа Топурија пред Трамп (ВИДЕО)

Пред повеќе од 100.000 гледачи собрани во блискиот Елипс Парк, како и во присуство на американскиот претседател Доналд Трамп, Џастин Гејчи предизвика сензација и ја заврши доминацијата на шампионот Илија Топурија.

Американскиот борец беше пречекан со овации од публиката на тревникот на Белата куќа, а својата поддршка ја оправда со фантастичен меч против еден од најдобрите борци на денешницата. Борбата беше прекината во четвртата рунда откако Топурија го предаде мечот, па Гејчи беше прогласен за победник и нов шампион.

 

 

Ова е прв пораз во професионалната кариера на Топурија и сега тој има скор од 17-1, додека Гетџи стигна до својата 27. победа со пет порази и напиша една од најголемите приказни во историјата на УФЦ. Колку бил доминантен Гејчи, најдобро зборува тоа што Топурија заврши в болница и се стравува дека има потрес на мозокот.

Многу експерти веќе проценуваат дека ова е едно од најголемите изненадувања што ги видел ММА спортот во последните неколку години, особено имајќи ја предвид доминацијата што ја покажа Топурија пред овој меч.