Да се знае кој е најдобар - 13. титула на Барса во Лигата на шампионите
„Каталонците“ немаа никакви проблеми со Фуксе Берлин и покрај тоа што можеби конечниот резултат не го покажува тоа (37-34). Германскиот тим во ниеден момент не беше во водство, најблиску до Барселона беше во воведните минути кога на семафорот стоеше 1-1 и 2-2.
Барса потоа постигна два гола по ред, извесен период се играше гол за гол, а по 20-тина минути игра отиде на +5. Во вториот дел достигна и шест гола предност (25-19 и 26-20), Фуксе се обиде да се врати во игра, но одеше многу тешко иако имаше неколку шанси за тоа. Во последните минути се доближи на 30-32, уште неколку пати беше на -2, но Барселона не дозволи да го загуби она што го градеше безмалку цел натпревар.
Луис Фраде одигра извонреден натпревар, постигнувајќи седум гола од седум шута, зад него останаа Јанц и Гомез со по шест, а Макуч постигна пет. Гидсел го предводеше Фуксе со осум гола, но ни тие не беа доволно за негова прва титула во Лигата на шампионите во кариерата.
Барселона сега има 13 титули во Лигата на шампионите и е уште подалеку од најблиските конкуренти Гумерсбах и Магдебург кои имаат по пет.