Тетовци го бираат наследникот на Беќири: Косовски тренер на чекор до клупата на Шкендија!?
Промоцијата на новиот стратег би можела да се случи во наредните денови, откако тетовскиот клуб остана без тренер по заминувањето на Јетон Беќири. Тачи зад себе има богато искуство во косовскиот фудбал, а последен ангажман му беше во Дукаѓини, со кој триумфира во Купот на Косово. По завршувањето на сезоната неговиот договор истече, што му овозможува да преговара со нов клуб. Досега има предводено уште неколку други косовски екипи и изгради репутација на еден од најценетите тренери во соседството.
И покрај информациите дека договорот е блиску до реализација, официјална потврда од Шкендија сè уште нема. Истите медиуми вчера објавија изјава од поранешниот македонски селектор, Благоја Милевски, кој призна дека водел разговори со Шкендија, но не откри дали тие ќе резултираат со соработка.