Трет пораз за Македонија: Одбојкарките загубија од Шпанија во Европската лига

Македонската женска одбојкарска репрезентација загуби од Шпанија со 0-3 во сетови (11-25, 6-25 и 15-25) во третиот натпревар од Европската лига.

Македонските одбојкарки немаа сила за изненадување против расположената селекција на Шпанија која доминираше на отворањето на вториот турнир во Аликанте.

Одбојкарките понудија најголем отпор во третиот сет, кога ѝ парираа на Шпанија до 13-15, по што противникот влезе во одлична серија и славеше со 25-15. Најефикасни кај Македонија беа Милевска и Терзиевска со по четири поени.

Македонија следниот меч го игра утре против Азербејџан од 18.30 часот.

Фото: Одбојкарска федерација на Македонија