Нејмар во трка со времето: Бразил без својата ѕвезда во групната фаза?

Бразилскиот репрезентативец Нејмар доби повик од селекторот Карло Анчелоти, иако претходно се соочуваше со различни повреди и не беше во форма, а сега тоа може скапо да ги чини „кариоките“.

Новинарот на „Теледепорте“, Нико Дијаз Менендеш објави дека искусниот бразилски фудбалер би можел да ја пропушти цела групна фаза од натпреварувањет.

Иако се шпекулираше дека Нејмар треба да биде подготвен за вториот меч на Мундијалот, сепак неговата здравствена состојба не се подобрила според очекувањата на докторите.

Поради сериозната ситуација, медицинскиот тим на Бразил решил да не ризикува со враќањето на еден од најважните играчи во репрезентацијата.