Силекс се засили со двајца фудбалери од БиХ

Освојуваот на македонскиот куп за минатата сезона, Силекс се засили со двајца фудбалери за следната сезона, а тоа се Есмир Хасукиќ и Нихад Шеро од Босна и Херцеговина, пишува босански „СпортСпорт“.

Хасукиќ се сели во Кратово од редовите на Гошк Габела за кој одигра 19 натпревари, а притоа постигна 13 голови и две асистенции.

Шеро доаѓа во Силекс по одлична полусезона со Челик за кој настапи на 24 меча, а притоа постигна осум голови и две асистенции.

Силекс минатата сезона ја заврши со трофеј во Купот на Македонија, додека во Првата лига го освои четвртото место.