Пандев утре повторно ќе истрча на „Сантијаго Бернабе“ - во дресот на Интер!

Најдобриот македонски фудбалер на сите времиња, Горан Пандев, утре (сабота) повторно ќе истрча на тревникот на легендарниот „Сантијаго Бернабе“, откако беше потврден како дел од составот на легендите на Интер за традиционалниот хуманитарен натпревар против ветераните на Реал Мадрид.

Станува збор за традиционалниот „Корасон Класик“, кој повторно ќе собере дел од најголемите имиња на европскиот фудбал, а нашиот фудбалер ќе биде меѓу поранешните ѕвезди кои ќе го носат дресот на италијанскиот гигант. Покрај македонската легенда, за Интер ќе настапат и Хавиер Занети, Естебан Камбијасо, Мајкон, Лусио, Џампаоло Пацини, Родриго Паласио, Давид Суозо и Антонио Кандрева. Стручниот штаб на „нероазурите“ ќе го предводи клупската легенда Џузепе Бергоми.

За Пандев, ова ќе биде уште едно враќање на стадионот каде испиша дел од најсветлите страници во својата кариера. Токму на „Сантијаго Бернабеу“ во 2010 година, под водство на Жозе Мурињо, тој со Интер ја освои титулата во Лигата на шампионите.