Мурињо потпиша договор до 2029 година - познато кога ќе биде претставен во Реал!

Шпанскиот гигант Реал Мадрид го потврди враќањето на португалскиот тренер Жозе Мурињо, кој ставил потпис на договор до 2029 година.

Управниот одбор на „кралевите“ донел одлука Мурињо повторно да ја преземе тренерската функција и да го предводи гигантот во следните три сезони, односно до јули 2029 година.

Португалскиот тренер се враќа во Мадрид по постигнат договор со Бенфика вреден 15 милиони евра, колку што треба да ѝ исплати Реал.

„Кралевите“ соопштија дека официјалнот претставување на Мурињо во клубот е закажано за 13 јули.