Играчот за кој Перез ќе понуди 150 милиони евра е од - Барселона!

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, утре ќе го каже името на фудбалерот за кој е подготвен да испрати рекордна понуда од 150 милиони евра.

Во изминатите денови, откако Перез кажа дека ќе понуди 150 милиони евра за „галактико“ засилување, беа кажани повеќе имиња, но се чини дека ниту едно од тие не е точно.

Неколку шпански новинари откриваат дека целта е шокантна, се работи за фудбалер на Барселона, но никој засега не го кажува неговото име.

Флорентино Перез утре самиот ќе го соопшти името на фудбалерот кој сака да го купи.