Пелистер имал повеќе публика од ПСЖ и Барса сезонава во ЛШ!
Пелистер е на 11 место од 16 екипи со просечна гледаност од 3.000 навивачи. Салата „Боро Чурлевски“ вообичаено беше полна, малиот капацитет не дозволуваше ракометарите да имаат побројна поддршка.
Но, ракометните гиганти како Барселона и ПСЖ имале помалку навивачи во своите сали од Пелистер. Каталонците имале амо по 2.353 гледачи, а парижаните нешто повеќе, 2.751.
Најмногу поддршка од домашната публика имал тимот на Фуксе Берлин, 6.758 гледачи, втор е Нант со 6.417, трет е Магдебург со 6.191.