Лудило во Њујорк: Два билети за третото финале продадени за - милион долари!

Две влезници за третиот натпревар од НБА финалето меѓу Њујорк и Сан Антонио, на аукција бие продадени за милион долари, потврдија од клубот.

Во Њујорк владее вистинска еуфорија за финалето. А победничката понуда за двете места продадени по рекордна цена, ја дале адвокатската фирма „Гибсон Дан“ и фирмата за приватен капитал „Веритас Капитал“.

Никси играат првпат финале по 1999 година, па цената на аукцијата стигна до милион долари. Овие билети беа наменети за славни личности, а приходот оди во фондацијата „Гарден оф Дримс“. Њујорк соопштеи дека тоа е најголемата поединечка донација во историјата на Фондацијата која е наменета за помош на децата во таа област.

Влезниците се ВИП за теренот, а „Никсите“ вообичаено не ги продаваат тие билети, бидејќи клубот ги подарува на познати личности како што се актерите Тимоти Шаламет, Бен Стилер и други.

Другите билети за натпреварот се исто така многу скапи. Билетите за најевтините седишта во горниот дел од салата се препродаваат за повеќе од 6.000 долари, додека билет за теренот чини повеќе од 75.000 долари.