Шпанските гиганти го ловат Бернардо Силва - познато е кога тој ќе ја донесе одлуката!
Најпрво се пишуваше дека тој е мета на Барселона, а во трката се вклучи и Атлетико Мадрид. Се пишуваше и за интерес од Реал Мадрид, наводно Жозе Мурињо го сака својот сонародник на Бернабеу.
Неизвесноста околу трансферот на Бернардо Силва ќе потрае. Последните информации велат дека тој одлуката ќе ја донесе по завршувањето на настапот на Светското првенство.
Во овој момент, Бернардо Силва е фокусиран на насапот со Португалија на Мундијалот и не сака да ги разгледува понудите.