Босанци чекале со часови за само на секунда од мост да ги поздрават фудбалерите! (ВИИДЕО)

Босанската дијаспора во Канада со големо воодушевување го дочека пристигнувањето на фудбалската репрезентација во Торонто и им приреди еден несекојдневен пречек. 

Група навивачи се собраа на мост над автопатот по кој репрезентативците патуваа од аеродромот кон хотелот. Со знамиња, навивачки реквизити и песни посветени на БиХ, тие трпеливо чекале со часови само за да го поздрават автобусот со своите миленици.

Иако автобусот не можеше да застане и да оствари директна средба со навивачите, тоа воопшто не го расипа расположението кај присутните. Напротив, тие со аплаузи и извици на поддршка ги испратија фудбалерите.

Босна на Мундијалот ќе игра во група со домаќинот Канада, Катар и Швајцарија.