Италија го избрала наследникот на Гатузо!
Медиумите на Апенините пренесуваат дека договорот е речиси комплетиран и дека остануваат да се завршат само административните процедури и Манчини ќе стави потпис на договор до 2030 година со плата од два милиони евра годишно.
Планот на Фудбалската федерација е искусниот стратег да ја води националната селекција во следниот циклус и да остане на функцијата до Мундијалот во 2030 година. Сепак, договорот ќе содржи и заштитна клаузула, со која Сојузот ќе може да ја раскине соработката доколку репрезентацијата не ги оствари зацртаните цели во квалификациите.
Ќе потсетиме, Италија привремено за нов селектор го назначи предводникот на репрезентацијата до 21 година, Силвио Баладини и со него на клупата Италијанците победија во пријателските натпревари со Луксембург и Грција со по 1-0.
Roberto #Mancini is one step away to return on #Italy National Team’s bench. Ready a contract until 2030 (€2M/year). #transfers 🇮🇹 https://t.co/1ZGUhyJrH6
— Nicolò Schira (@NicoSchira) June 8, 2026
Фото: Nazionale Italiana di Calcio/FB