И директорот на Интер потврди: Думфрис оди во Реал

Иако навивачите на Интер се надеваа дека зделката ќе пропадне, бекот на миланскиот клуб Дензел Думфрис си заминува и кариерата ќе ја продолжи во Реал.

Тоа денеска го потврди и спортскиот директор на Интер, Пјеро Аусилио кој го кажа она што последните денови се шпекулираше.

„Думфрис, одличен фудбалер, има откупна клаузула и си оди. Најважно од се е тоа што тој самиот сакаше да си замине. Го разбирам разочарувањето на навивачите бидејќи тој е фудбалер кој играше со срце за Интер, но од друга страна сум среќен за него“, рече Аусилио.