Данскиот доктор смирува: Пејсмејкерот му го спасил животот на Ериксен

Репрезентативецот на Данска, Кристијан Ериксен повторно ги исплаши љубителите на фудбалот откако денеска колабира на пријателскиот натпревар против Украина во Одензе.

Тоа е вторпат Ериксен да се онесвести среде игра откако истото му се случи пред пет години, на Европското првенство. Плејмејкерот беше изнесен со амбулантно возило, па сите се прашуваа во каква состојба се наоѓа. Докторот на репрезентацијата Мортен Бесен ја смири ситуацијата.

„Кристијан е добар и излезе од теренот на нозе. Како што можев да видам, пејсмејкерот одлично одговорил и му го спасил животот. Кратко време беше без свест, но брзо се поврати и беше контактибилен со нас. Ќе има натамошни прегледи в болница да се утврди што го предизвикало инцидентот, а ние сме во постојан контакр со него и докторите во болницата. Најважно, Кристијан е добар и ме замоли да ги поздравам сите фудбалери и да им кажам дека се е в ред“, објасни Бесен.