Драма и хаос во Монако за нова победа на чудесниот Антонели - петта во низа! (ВИДЕО)
Tрката беше исполнета со казни, со по пет секунди беа санкционирани: Луис Хамилтон, Џорџ Расел, Оскар Пјастри, Пјер Гасли, Франко Колапинто и Ленс Строл.
Голем прекин се случи на девет кругови пред крајот. Шарл Леклер веднаш откако се тргна возилото за безбедност се заби во ѕид, прекинот траеше и повеќе од половина час, а на крајот се продолжи со спринт во завршницата. Претходно на истото место каде што се удри Леклер во 61. круг отпадна Ленс Строл.
Onboard with Charles Leclerc for his crash, prior to the Red Flag! 👇#F1 #MonacoGP pic.twitter.com/VdOHk9FSRM
— Formula 1 (@F1) June 7, 2026
Пред него трката ја завршија уште Ферстапен, Берман и Ботас. По вториот старт Антонели ја одбрани првата позиција, а видовме и уште едно откажување, Карлос Саинц не стигна до целата и се повлече во 72. круг по контакт со Колапинто.
Хамилтон до последен момент го притискаше Антонели, меѓутоа младиот возач не дозволи да ја испушти позицијата. Како трет заврши Хаџар четври беше Пјастри и петтти Лоусон.
Антонели исто така стана и првиот возач кој успеал од пол-позиција да победи во Монако
