Дебитантите на Мундијалот пристигнаа со школски автобус! (ВИДЕО)

Додека најголем дел од репрезентациите кои ќе учествуваат на Мундијалот се возат во климатизирани и модерни автобуси, тоа не е случај со селекцијата на Курасао.

Курасао за првпат во својата историја се пласираше на едно Светско првенство, а на истото пристигнаа со школски автобус.

Со овој потег селекцијата собра и уште повеќе симпатии од фудбалските навивачите, Курасао на Мундијалот ќе игра во група со Германија, Еквадор и Брегот на Слоновата Коска.