Роналдо излезе, па Португалија му даде два гола на Чиле и победи! (ВИДЕО)

Португалија со 2-1 го победи Чиле во пријателски меч, двата погодоци беа постигнати во второто полувреме.

Кристијано Роналдо беше стартер и го одигра првото полувреме во кое Португалија имаше тотална доминација, но никако не успеваше да даде гол.

Кон крајот на првиот дел се случи и тепачка во која главната улога ја имаше Рафаел Леао. Тој доби црвен картон, беше исклучитен и Роман Иван од Чиле.

Конечно резултатот беше отворен во 58. минута, голот го даде Гуедеш кој во игра влезе токму на местото на Роналдо.

Бруно Фернандеш со гол на 15 минути до крајот зголеми на 2-0, а во 90 минута Чиле со погодок на Кепеда ги постави конечните 2-1.

Пред почетокот на Мундијалот, Португалија ќе одигра и пријателски натпревар и со Нигерија во среда.