Гвардиола ѝ препорача засилување на Барса: Многу е добар!
Бернардо Силва ова лето ќе го напушти Манчестер Сити и се верува дека преферира преселба во Шпанија, каде Атлетико Мадрид и Барселона пројавуваат интерес за неговите услуги.
Пеп Гвардиола сега ги советува „каталонците“ без размислување да го ангажираат Португалецот.
„Бернардо Силва е премногу добар. Со неговиот квалитет, лесно би се вклопил во секоја екипа“ – вели поранешниот тренер на Манчестер Сити.
Кога е во прашање неговата иднина, Пеп Гвардиола додава:
„Дури и јас самиот не знам што ќе правам“.