Танески си замина, РФМ избра нов селектор за ракометарите до 20 години

Ракометната селекција на Македонија до 20 години доби нов селектор откако оставка поднел Наум Танески.

Танески одлучил да се повлече од функцијата и на негово место ќе работи Игор Илиевски кој ќе го води тимот на претстајното Европско првенство во Романија.

Стартот на првенството е закажан за 8 јули и ќе се игра до 19 јули, а Македонија во групата ќе води битки со репрезентациите на Данска, Норвешка и Хрватска.

Илиевски зад себе има одлични резултати со кадетскиот тим на Пролет со кој дојде и до титулата.