Абутовиќ: Те сакам Македонијо, секогаш ќе бидеш во - моето срце!

Српскиот ракометар, Илија Абутовиќ му се заблагодари на Пелистер и им честиташе титули на Вардар и Пелистер, изрази и посебна љубов кон Македонија.

Абутовиќ остави голема трага во Вардар со кој стана и Европски шампион, но подоцна играше и за Пелистер од кој сега заминува.

На социјалните мрежи Абутовиќ емотивно се збогуваше.

„Благодарам Пелистер и Битола на овие две години. Благодарам за новите искуства, новите познанства и најмногу за новите пријателства. Честитки за Вардар за освоената титула, честитки за Охрид за истирискиот европски трофеј.
Те сакам Македонијо. И ти благодарам за сите години што ги поминав тука и за сите работи шти го доживеав како спортист и како човек. Засекогаш ќе бидеш во моето срце“, напиша Абутовиќ.

Тој во наредната сезона ќе настапува за Партизан, повторно ќе соработува со Раул Гонзалез.