Луѓе со купени билети не влегле на финалето - Охрид ќе им ги враќа парите!

На виделина излегува ужасна организација на финалето од ЕХФ Европскиот куп во ракомет, меѓу ГРК Охрид и Татабања, голем број на навивачи и покрај тоа што имале купено биле, не успеале да влезат во салата и да го гледаат натпреварот.

Наместо лица кои уредно имале влезница за натпреварот, влегувале луѓе без билет.

Клубот денеска излезе со соопштение во кое се вели дека ќе им бидат вратени парите на оние кои имале влезници, а не влегле.

„За тие што не успеаа да влезат во сала со купени карти, во петок од 17:00 до 19:00 ќе се врши рефундација на средства на билетарата при СРЦ „Билјанини извори““, стои во соопштението на Охрид.

На објавите на социјалните мрежи на Охрид е забрането коментирање на ова соопштение, клубот се чини дека избегнува од прва рака да го слушне големиот револт на оштетените навивачи.