ФФМ го казни Вардар за скандалозната прослава на фудбалерите!
По заверката на шампионската титула во Струга, излезе видео снимка од недолична прослава на вардарци за која денеска добија казна од ФФМ.
Дополнително црвено-црните се казнети и за пиротехника на мечот против Шкендија од последното коло.
„Дисциплинската комисија при ФФМ донесе одлука со која ФК Вардар се казнува со парична казна во висина од 15.000 евра поради навредливо скандирање од страна на навивачите и несоодветна прослава на титулата од страна на фудбалерите.
Воедно, Дисциплинската комисија поведе постапка против ФК Вардар поради користење на пиротехнички средства на натпреварот од 33. коло помеѓу Вардар и Шкендија“, стои во соопштението на ФФМ.