Од Тиквешијата испратена порака – спортска Македонија има светла иднина (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Денот на спортот привлече околу 1.000 дечиња во Кавадарци во склоп на Плазма Спортските игри за млади, кои се најголемиот аматерски спортски настан во регионот и кои првпат се одржуваат и во нашата држава.

Од „градот на лозјето“ беше испратена силна и јасна порака – спортска Македонија има светла иднина. Плазма Спортските игри за млади беа свечено отворени во Скопје, а потоа се одржаа и во Куманово, Штип, Кочани, Струмица, Велес и Кавадарци. Денеска, пак, главен спортски центар е Прилеп.