Почина тренерот кој не му даде шанса на големиот Дражен Петровиќ!

Американскиот стручњак Рик Аделман почина ноќеска, на 15 дена пред неговиот 80. роденден.

Аделман е роден на 16 јуни во Линвуд, Калифорнија, и играше на плејмејкерската позиција. Колеџ кариерата ја помина во Лојола Меримонт, а по драфтот во 1968 година играше за Сан Диего Рокетс, франшиза која сега е во Хјустон, потоа за Портланд Треил Блејзерс, Чикаго Булс, Њу Орлеанс Џез (сега Јута) и Канзас Сити-Омаха Кингс (сега Сакраменто).

Сепак, тој остави подлабок белег во кошарката како тренер отколку за време на неговата осумгодишна кариера како играч. Почна во 1977 година работејќи за Универзитетот Чемекета, таму помина шест сезони таму пред да замине во НБА. Во 1983 година како дојде во Портланд како асистент, првиот тим го презеде во 1989 година и остана до 1994 година. Од тој период остана соработката со Дражен Петровиќ кој токму под негово водство ја почна својата НБА кариера. Во двете сезони во тимот од Орегон, под водство на Аделман, Петровиќ едвај добиваше шанса и покрај тоа што во тој период беше можеби најдобар европски кошаркар и фантастичен шутер. Исфрустриран од односот кон него, Дражен во 1991 година се пресели во Њу Џерси Нетс и таму играше до крајот на својот живот, во 1993 година.

Следната станица на Аделман, каде оствари и најголеми успеси, беше Сакраменто Кингс каде работеше од 1999 до 2006 година. Љубителите на кошарката добро се сеќаваат на сезоната 2001/2002 година и серијата во финалето на Западот против Лејкерс со Коби и Шек кога тимот од Лос Анџелес мораше да игра седум натпревари. Меѓу другите успеси на Аделман мора да се издвои како трикратен тренер на Ол-стар натпреварите (1991, 2001 и 2003 година) и неговото влегување во Куќата на славните во 2021 година. Неговиот син Дејвид Аделман, едно од шесте деца на Рик, сега е тренер на Денвер Нагетс.