Пласманот на Шкендија Арачиново се славеше со албанско, ама и со - македонско знаме (ФОТО)

Екипата на Шкендија Арачиново денеска по вистинска пенал драма го елиминираше Пелистер во баражот за место во Првата лига, а по дуелот следуваше и големо славје.

Во редовите на Шкендија херој беше голманот Столевски кој во пенал серијата одбрани три удари од белата точка, но го запре и Ивановски од 11 метри во текот на натпреварот.

Покрај него во редовите на тимот од Арачиново играат и уште неколку Македонци, па на прославата на теренот во Кавадарци го имаше и македонското знаме.

Ќе потсетиме, покрај Шкендија Арачиново денеска место во ПМФЛ обезбеди и Скопје, а како прва на табелата од претходно Брегалница се пласираше во најсилната конкуренција.