Македонските одбојкари одиграа необичен меч со Црна Гора кој заврши - нерешено!
Црногорците го добија првиот сет со 15-25, по што Македонија возврати со 25-16. Следниот сет им припадна на домаќините во Подгорица (25-14), а четвртиот го добија нашите одбојкари со 25-18.
Вториот натпревар меѓу Македонија и Црна Гора е закажан за утре со почеток од 18 часот во Подгорица.