Франција доби нов тениски херој: 17-годишник испиша историја на Ролан Гарос (ВИДЕО)
Станува збор за само 17-годишен Французин, кој настапува со вајлд-карта и е 318. тенисер во светот, а кој веќе шокираше на турнирот со елиминацијата на Марин Чилиќ во првото коло. Куаме имаше водство од 2-0 во сетови, но Парагваецот се врати и во решавачкиот сет поведе со 5-2, по што изгледаше дека бајката на младиот Французин е завршена. Но, тогаш следуваше вистинско лудило! Со громогласната поддршка од трибините, тинејџерот направи брејк за 5-4, израмни на 5-5, а потоа без загубен поен го однесе мечот во тај-брејк.
Во решавачката игра младиот Французин водеше со 5-0, па дозволи ривалот да се врати до 7-7, но не потклекна под притисокот. Најпрво испрати ас за 8-7, а потоа со фантастичен винер ја искористи првата меч-топка и ја крена публиката на нозе. Куаме со овој подвиг стана најмладиот тенисер по Рафаел Надал што стигнал до третото коло на Ролан Гарос.
Французите, кои пред два дена останаа без Гаел Монфис, добија нов миленик и нова голема надеж.
ФОТО: X.com