Мбапе избран за фудбалер на сезоната за Реал Мадрид

Францускиот напаѓач Килијан Мбапе постигна 42 голови оваа сезона за Реал Мадрид, кој имаше катастрофална сезона без освоен пехар.

Мбапе за утеха на крајот на сезоната доби награда „фудбалер на сезоната“ за Реал Мадрид, иако во финишот од сезоната добиваше критики од навивачите.

Напаѓачот на „кралевите“ оваа сезона одигра 44 меча во сите натпреварувања, а притоа постигна 42 голови и седум асистенции.