Познато е кога ќе се одржат изборите во Реал Мадрид

Флорентино Перез ќе се бори за нов претседателски мандат во Реал Мадрид, но овојпат за разлика од претходно има и соперник, тоа е Енрике Рикелме.

Определен е и датумот за избори, тие ќе се одржат на 7 јуни. По тој датум ќе се знае во која насока ќе тргне Реал Мадрид.

Перез е голем фаворит на изборите, ако победи тој, Жозе Мурињо ќе биде назначен за нов тренер и ќе започне една нова етапа, откако претходната со млади тренери не се покажа како успешна.

Рикелме пак, не го сака Мурињо, тој на ум има друг тренер, но засега не го открива името, само вели дека во моментов тој е тренер на друг тим.

Двајцата кандидати имаат околу десетина дена да ги презентираат своите кандидатури и да ги убедат гласачите дека тие се вистинското решение за претседател на Реал Мадрид.