Мароко го претстави составот од кој има големи очекувања на Мундијалот

Полека се комплетираат списоците на фудбалери кои ќе ги претставуваат своите репрезентации на претстојното Светско првенство, а сега е познат и составот на Мароко.

Мароканците блеснаа на Мундијалот во Катар во 2022 година, но во јавноста сè уште се свежи контроверзиите околу финалето на Африканскиот куп на нации, каде што титулата им беше доделена и покрај поразот од Сенегал, во натпревар проследен со бројни скандали.

Доколку настапот во Катар беше изненадување, Мароко сега на Светското првенство доаѓа со далеку поголеми очекувања.

Составот кој го имаат не е за потценување и сигурно дека можат да се надеваат на добар резултат. На Мундијалот, Марко ќе игра во група со Бразил, Хаити и Шкотска.

Голмани: Јасин Боно, Мунир Ел Каџуи, Ахмед Реда Тањаути

Одбрана: Нусаир Мазрауи, Анас Салах-Един, Јусеф Беламари, Најеф Агерд, Шади Ријад, Иса Диоп, Редуан Халал, Ашраф Хакими, Закарија Ел Уахди

Среден ред: Самир Ел Мурабет, Ајуб Буади, Нил Ел Ајнауи, Софијан Амрабат, Азедин Унаи, Билал Ел Канус, Исмаел Саибари

Напад: Абдесамад Езалзули, Шемседин Талби, Софијан Рахими, Ајуб Ел Каби, Брахим Дијаз, Јасин Гесиме, Ајуб Амаимуни.