Босанците со рекорд на уште непочнато СП - никој нема да патува повеќе од „змејовите“!

Репрезентацијата на Босна и Херцеговина (БиХ) ќе биде селекцијата што ќе помине најмногу километри на СП, кое за две недели ќе почне во САД, Канада и Мексико.

Според распоредот на натпреварите и базните кампови, Босанците ќе поминат дури 5.000 километри, што е убедливо најмногу од сите учесници на Мундијалот. „Змејовите“ прво ќе патуваат од Сент Луис до Торонто за мечот со Канада, потоа следува преселба во Солт Лејк Сити, па лет за Лос Анџелес за дуелот со Швајцарија, враќање назад во Солт Лејк Сити и ново патување кон Сиетл за натпреварот против Катар. Зад БиХ на листата се Алжир со 4.700 километри и Чешка со 4.500 километри.

Колку за споредба, селекцијата на Египет ќе помине само 384 километри, додека Франција, како еден од фаворитите за титулата, ќе мине едвај 537 километри. Иако долгите патувања сигурно нема да бидат идеални за фудбалерите, олеснителна околност е што меѓу натпреварите ќе има по шест дена пауза.