Малку фалело Бруно Фернандеш да заврши во друг англиски клуб!
Бруно Фернандеш во Манчестер Јунајтед пристигна во 2020 година, во меѓувреме стана капитен на тимот и прераснува во вистинска легенда.
Но, неговата приказна можела да биде поинаква и тој воопшто да не стане член на тимот од Олд Трафорд.
„Пред повеќе години преговарав со Тотнем и бевме многу блиску до договор. Тогаш, во последните два дена, Спортинг рече: „Нема да го продадеме...“ и договорот пропадна“, изјави Бруно Фернандеш.
Португалецот заврши фантастична сезона во Манчестер Јунајтед. Беше прогласен за играч на сезоната во Премиер лигата и стана најдобар асистент во историјата по бројот на асистенции во една сезона надминувајќи ги бројките на Анри и Де Брујне.
Фото: X/Manchester United