Ноќ со големи емоции: Монфис го одигра последниот меч на Ролан Гарос! (ВИДЕО)

Францускиот тенисер, Гаел Монфис синоќа за последен пат играше на Ролан Гарос, со 2-3 во сетови го загуби мечот од својот сонародник Хуго Гастон и ги заврши настапите на грен-слем турнирот во својата земја.

Емотивна ноќ во Париз, Гаел Монфис синоќа се збогува од Ролан Гарос, а својот последен меч му беше против сонародник, па француската публика уживаше во претставата.

Гастон ги доби првите два сета со 6-2 и 6-3, но Монфис успеа да се врати со 6-3 и 6-2 и да израмни на 2-2 во сетови. Сепак немаше сила во решвачкиот, помладиот тенисет го доби тој сет со 6-0 и дојде до триумф од 3-2.

По мечот имаше посебно сценарио за Монфис. На теренот му се придружија пензионираните Французи, Жо Вилфрид Цонга, Ришар Гаскет и Жил Симон.

Неговата сопруга, тенисерката Елина Свитолина не можеше да ги сокрие солзите.

За Монфис ова беше последен меч на Ролан Гарос, а наскоро треба да стави крај и на тениската кариера.