Официјално: Аргентинецот Фабиани е нов тренер на Вардар!

Македонскиот шампион Вардар денеска потврди дека нов тренер на клубот е Аргентинецот Кристијан Фабиани, кој ќе го преземе кормилото од Гоце Седлоски.

Аргентинецот ја почна тренерската кариера во Феникс во 2021 година, по што ги тренираше и Депортиво Риестра и Депортиво Мерло за на крајот да го предводи Њуелс, односно клубот каде што изникнал Лионел Меси.

Фабиани за време на последниот ангажман, кој траеше од 19 февруари до 21 октомври 2025 година го предводеше Њуелс на 27 натпревари, а притоа освојувал по 1,33 поени по дуел.

Аргентинскиот стратег го чека тешка задача во Скопје, затоа што со „црвено-црните“ ќе се борат во квалификациите за Лигата на шампиони (ЛШ), но ќе треба и да ја брани титулата во Првата лига.

Фото: Club Atlético Newell's Old Boys/Facebook