По историската сезона, Шкендија се раздели со тренерот Беќири

Вицешампионот на Македонија, Шкендија денеска соопшти дека ја прекинува соработката со тренерот Јетин Беќири кој 2,5 години беше на клипата на тетовскиот клуб.

Разделбата доаѓа по историската сезона во која Шкендија, под водство на Беќири, се пласира во лигашкиот дел на Конференциската лига откако претходно помина две пречки во квалификациите за Лигата на шампионите. И тоа не беше се, бидејќи тетовци успеаја да се пласираат во плејофот и дури таму беа елиминирани од турскиот Самсунспор. На европска сцена, Шкендија сезонава одигра дури 16 натпревари што е рекорд за една македонска екипа. Сепак, покрај големиот успех во европските натпреварувања, очигледно клучен фактор беше тоа што Шкендија ја заврши сезоната без трофеј на домашен терен затоа што во првенството го освои второто место, а во финалето од Купот загуби од Силекс.

„Шкендија објавува дека тренерот Јетон Беќири нема да продолжи да го води нашиот тим следната сезона, по завршувањето на неговиот договор со крајот на натпреварувачката сезона 2025/2026. По заедничка евалуација на периодот на соработка, клубот и тренерот одлучија да се разделат во овој момент, затворајќи важно поглавје во поновата историја на Шкендија“, соопшти довчерашниот шампион на Македонија.

Јетон Беќири го презеде тимот во јануари 2024 година и за време на неговиот престој на на клупата го предводеше тимот до шампионската титула во сезоната 2024/2025.