Бугарските навивачи со порака за Хаџиевски: Не ви го бараме идентитетот, но Ѓоко е еден од нас!
Навивачите на Спартак Варна дефинитивно го обожаваат Хаџиевски, па решија да го изненадат македонскиот стратег.
„Не ви го бараме идентитетот, но Ѓоко е еден од нас“, порачаа навивачите на Спартак Варна.
Хаџиевски по натпреварот кажа дека е пресреќен што неговата екипа го надиграла ривалот.
„Таква љубов од првиот ден до денес, не сум добивал. Никогаш нема да го заборавам ова. Срцето ми е полно. Заслуживме да останеме во елитата. Беше тешко и напорно. Имаше луѓе кои не веруваа во нас, но навивачите имаат најголема заслуга“, кажа Хаџиевски.