Артета: Не го гледав натпреварот на Сити, правев скара
Шпанскиот стратег планирал да биде во тренинг-центарот на Арсенал во Лондон и да го следи мечот со своите играчи, но не успеал да собере енергија и решил да остане дома.
„Излегов во дворот, запалив оган. Почнав да правам скара, ништо од тоа не гледав“, изјави Артета за новинарите.
По три последователни сезони завршени на второто место, веста за долгоочекуваниот триумф Артета ја дознал од неговиот најстар син Габриел, кој настапува за тимот на Арсенал до 18 години.
Инаку, фудбалерите на Арсенал заеднички во тренинг-кампот го следеа натпреварот на Сити и Борнмут од каде што почнаа и да слават до раните утрински часови.
Фото: Arsenal FC