Мегваер не може да си поверува: Шокиран сум што не одам на Мундијалот!

Селекторот на Англија, Томас Тухел според најавите утре наутро се очекува да го објави списокот на фудбалери за претстојното Светско првенство, а веќе е познато дека Хари Мегваер нема да биде на него.

Информацијата ја потврди самиот Мегваер кој призна дека е шокиран и изненаден што нема да биде помеѓу фудбалерите што ќе ја претставуваат Англија на Мундијалот.

„Бев убеден дека можам да одиграм важна улога ова лето за мојата земја, имав добра сезона. Останав шокиран и изненаден од одлуката...на останатите им посакуваме се најдобро“, изјави Мегваер за „Талкспорт“.

Во актуелната сезона Мегваер за Манчестер јунајтед запиша 22 настапи во Премиер лигата во кои постигна еден гол и додаде две асистенции, а имаше уште по еден настап во ФА купот и Лига Купот.

Aнглија на Мундијалот кој почнува на 11 јуни и ќе се игра до 19 јули е во група со Хрватска, Гана и Панама.

Фото: Manchester United/X