Новата девојка на Јамал до неодамна имала друго момче – го откачила веднаш за фудбалерот! (ФОТО)

Ламин Јамал повторно се најде во центарот на вниманието на медиуми поради работи надвор од теренот, а сега причина е неговата нова девојка.

Ѕвездата на Барселона прославата на клубот за освоените титули во Ла Лига и шпанскиот Суперкуп се појави со неговата нова партнерка, Инес Гарсија.

Во шпанските медиуми веќе некое време се шпекулираше дека двојката е заедно, а сега само ги потврдија шпекулациите.

Инес Гарсија е инфлуенсерка од Севиља која до врската со Јамал не беше премногу позната на пошироката јавност, а во главно на социјалните мрежи објавува совети за мода.

Меѓутоа откако беше објавено дека е во контакт со Јамал шпанските медиуми истражија и дознаа дека до пред само неколку недели таа имала друго момче. Имено, пред три недели таа јавно коментирала на објава на нејзиното тогашно момче дека го сака, меѓутоа набрзо потоа очигледно ја прекинале врската.

Наводни, токму Јамал бил пречината за прекинот на романсата бидејќи Гарсија веднаш откако ѝ се јавил фудбалерот на Барселона ги прекинала сите контакти со нејзиното тогашно момче и почнала да излегува со Јамал.