Најавите се остварија, Ноер на голема врата се враќа во репрезентацијата!
Ноер се повлече од германската репрезентација пред две години по настапот на Европското првенство, но по актуелната сезона во која бранеше во добра форма, Нагелсман го убеди одново да застане на голот на Германија.
Токму Ноер според најавите ќе биде прв голман на Германија на Светското првенство, покрај него тука се Бауман од Хофенхајм и Нибел од Штутгарт.
На списокот го нема напаѓачот на Вест Хем, Никлас Филкруг, како и Карим Адејеми од Борусија Дортмунд. Светското првенство започнува на 11 јуни и ќе трае до 19 јули, а Германија ќе игра во група со Курасао, Еквадор и Брегот на Слоновата Коска.
ГОЛМАНИ: Мануел Ноер (Баерн Минхен), Оливер Бауман (Хофенхајм), Александер Нибел (Штутгарт).
ОДБРАНА: Џошуа Кимих (Баерн Минхен), Натаниел Браун (Ајнтрахт Франкфурт), Антонио Ридигер (Реал Мадрид), Нико Шлотербек (Борусија Дортмунд), Џонатан Та (Баерн Минхен), Давид Раум (Лајпциг), Валдемар Антон (Борусија Дортмунд), Малик Тијау (Њукасл).
СРЕДЕН РЕД: Александар Павловиќ (Баерн Минхен), Леон Горецка (Баерн Минхен), Надием Амири (Мајнц), Џамал Мусијала (Баерн Минхен), Флоријан Вирц (Ливерпул), Ленарт Карл (Баерн Минхен), Анџело Штилер (Штутгарт), Феликс Нмеча (Борусија Дортмунд), Паскал Грос (Брајтон).
НАПАД: Дениз Ундав (Штутгарт), Кај Хаверц (Арсенал), Џејми Левелинг (Штутгарт), Ник Волтемаде (Њукасл), Максимилијан Бајер (Борусија Дортмунд), Лирој Сане (Галатасарај).
🚨 𝐎𝐅𝐅𝐈𝐂𝐈𝐀𝐋: 𝐓𝐇𝐄 𝟐𝟎𝟐𝟔 𝐖𝐎𝐑𝐋𝐃 𝐂𝐔𝐏 𝐒𝐐𝐔𝐀𝐃 𝐎𝐅 𝐆𝐄𝐑𝐌𝐀𝐍𝐘 🇩🇪
— 433 (@433) May 21, 2026
𝗧𝗛𝗘𝗜𝗥 𝗚𝗢𝗔𝗟 𝗜𝗦 𝗜𝗡 𝗦𝗔𝗙𝗘 𝗛𝗔𝗡𝗗𝗦 🧤😏 pic.twitter.com/HCch9K70eX
Фото: FC Bayern München