Шаќири одбил да игра за Швајцарија на Мундијалот! (ФОТО)
Лидер на репрезентацијата ќе биде 33-годишниот Гранит Џака, кој досега има 144 настапи и 16 голови за швајцарската репрезентација и за него ова ќе биде седмо големо натпреварување по ред, како и четврто Светско првенство во кариерата. Првпат се најде во составот за Мундијалот во Бразил пред 12 години, а настапуваше и на Светските првенства во Русија 2018 и Катар 2022, како и на Европските првенства 2016, 2021 и 2024 година.
Швајцарија на Светското првенство ќе игра во групата „Б“, а турнирот ќе го отвори со натпревар против Катар на 13 јуни. Потоа следуваат дуелите против БиХ на 18 јуни и Канада на 24 јуни.
На списокот го нема Џердан Шаќири, една од најголемите легенди на швајцарскиот фудбал. Иако се наоѓа во одлична форма, тој одлучил повеќе да не настапува за националниот тим. Во актуелната сезона Шаќири има 34 настапи за Базел, со учинок од 10 голови и 11 асистенции, а зад себе има дури 125 настапи за репрезентацијата на Швајцарија.

Фото: MLS