Ѓоковиќ доби нов тренер пред настапот на Ролан Гарос

Најдобриот српски тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ доби нов тренер пред настапот на Ролан Гарос, односно во неговиот тренерски тим се вклучил Виктор Троицки.

Троицки бил забележан заедно со Ѓоковиќ на тренинг во вторникот, а тие двајца соработуваа и претходно кога Троицки како селектор на Дејвис куп репрезентацијата на Србија му помагаше на Ноле на Олимписките игри во 2024 година.

Деталите од договорот сè уште не се познати, но треба да се спомене дека Ѓоковиќ и Троицки се добри пријатели уште од детството.

Фото: Instagram/djokernole