Сити доцна се разбуди, Арсенал по 22 години е шампион на Англија! (ВИДЕО)
Жуниор Крупи постигна вистински еврогол во 39-тата минута и го матираше Донарума кој остана немоќен без реакција. Манчестер сити не беше премногу опасен, не создаде премногу прилики, но сепак преку Халанд во самата завршница постигна гол за реми.
Kroupi has given Arsenal hope with a beautiful curling goal against City. pic.twitter.com/9AV1tBKXVT
— CFCMykel (@Bra_Mykel) May 19, 2026
Бормут со ова реми дојде до 56 бода три помалку од Ливерпул кој е на позицијата која води во Лигата на шампионите, но и си го обезбеди местото во Лигата на Европа и ова за нив ќе биде прво учество во клупската историја во некое европско натпреварување.
Во последното коло гостуваат кај Нотингем форест кој нема резултатски императив, додека Ливерпул се соочува со Брентфорд кој се бори за место во Конференциската лига или Лига Европа со Брајтон и Челси.
Арсенал пак сега може да почне да ја слави својата 14-та титула во Премиер лигата, меѓутоа прва по цели 22 години чекање.