Ди Џанантонио триумфира на хаотичната трка во Барселона (ВИДЕО)

Фабио Ди Џанантонио славеше на трката за Големата награда на Каталонија, која беше навистина хаотична бидејќи двајца возачи завршија во болница, а имаше и голем број други инциденти.

Акоста помина најголем дел од трката во водство, но потоа имаше инцидент со Алекс Маркез, по кој Шпанецот доживеа стравичен пад и заврши во болница.

Уште еден старт имаше по грешка на Раул Фернандез, кој агресивно влета во Хорхе Мартин и предизвика пад на второпласираниот во генералниот пласман.

Во хаосот најдобро се снајде Ди Џанантонио кој успае да слави, а по него завршија Мир и Алдегер во топ-3.