Роналдо како невоспитано дете - избега откако заврши финалето (ВИДЕО)
Иако неговиот тим доминираше во поголемиот дел од натпреварот, создавајќи шанси и контролирајќи ја играта, на крајот остана без трофејот, а начинот на кој реагираше португалската ѕвезда по натпреварот фрли сенка врз целиот настан. По последниот свиреж, додека играчите на јапонскиот тим славеа, а организаторите ја подготвуваа церемонијата на доделување медали, Кристијано си замина од теренот. Без никаков контакт со своите ривали, без да му честита на противникот и без да биде присутен на церемонијата на прогласување на победникот, Роналдо го напушти теренот и веднаш отиде во соблекувалната, одбивајќи дури и да го прими сребрениот медал.
Потегот предизвика срам кај организаторите и неговите соиграчи, кои мораа да одат на церемонијата без најголемата ѕвезда на тимот. Тренерот Жорже Жесус, кој го напушта клубот на крајот од сезоната и остатокот од тимот се обидоа да го следат протоколот, но отсуството на капитенот беше повеќе од забележливо.
На теренот, Роналдо имаше еден од своите послаби настапи, без вистински шанси и со минимално влијание врз играта, што само го зголеми впечатокот за фрустрација. По последниот свиреж, Роналдо остана неподвижен, со рацете на лицето, очигледно скршен. Го напушти теренот, накратко седна на клупата, а потоа се упати кон соблекувалната.
За Ал Наср, останува горчливиот вкус од пропуштената можност, додека Роналдо продолжува со потрагата по трофеј во Саудиска Арабија. Тој не освои ниту еден од можните 14 откако пристигна во арапскиот свет! Иако сезоната сè уште не е завршена и борбата за шампионската титула е во тек, поразот од Гамба Осака би можел да земе данок, како резултатски, така и психолошки пред крајот на сезоната.