Невреме го одложи мечот меѓу Детонит и Охрид

Фудбалерите на Детонит и Охрид не го почнаа натпреварот од 29. коло во Втората лига, кој беше закажан за 16.30 часот, поради невреме

Временските услови ги спречија фудбалерите на двете екипи да го почнат натпреварот кој е од голема важност за Охрид кој се бори за третата позиција во лигата.

Охрид има 62 бодови, односно еден поен помалку од Шкендија Арачиново и до последното коло ќе се борат за топ-3 и место во баражот за пласман во повисок ранг.