Фудбалерите на Вардар за освоената титула ќе поделат премија од 250.000 евра!

Екипата на Вардар со синоќешната победа на гостувањето кај Струга (1-0) на коло до крајот и теоретски ја освои шампионската титула, поради што последниот меч на домашен терен против Шкендија ќе биде само можност за прослава на овој голем успех, остварен по турбулентен период и неколку години минати во Втората лига.

Освен спортската чест, црвено-црните фудбалери добро ќе се „омрсат“ по добрите игри и освоениот победнички пехар, откако од клубот беше соопштено дека ќе добијат премија од 250.000 евра. Исто така е најавена голема прослава која веќе се подготвува, а која ќе се случи набрзо по одигрувањето на дуелот против тетовци закажан за следниот викенд.

Вардарци веднаш потоа заминуваат на одмор, а собирот за следната сезона е закажан за 8 јуни, а три дена подоцна ќе се замине на подготовки во Италија.

Гоце Седлоски ја заврши својата тренерска епизода и во иднина ќе биде само селектор на Македонија, а неофицијално негов наследник во црвено-црниот клуб ќе биде Аргентинецот Кристијан Фабиани.